ЕУ го пофали проектот – Секое запишано дете во градинка неделно добива по еден килограм македонско овошје

Последниот Извештај од ЕУ нотира значаен напредок во делот на земјоделството.
– Јасно се констатира добриот напредок во периодот во руралниот развој и искористеноста на ИПАРД 2 програмата, новата програма за школски шеми во училиштата и градинките, новото ортофото снимање, развиениот информативен систем, но исто така и укажува на важноста од што побрзо донесување на законите кои се закочени во собраниска постапка, а се значајни за земјоделците, вели ресорниот министер Љупчо Николовски.
Ова е доказ за посветената работа и труд што ги вложуваме како министерство но и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо сигурно кон европското семејство, додава тој.
Посебно е пофален проектот „Здрав оброк за секое дете“, преку програмата на МЗШВ за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од нашите земјоделци.
Секое запишано детенце во градинка, еднаш неделно добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболка од прва класа.
Оваа година со проектот се опфатени сите детски градинки низ државата, односно сите 38.000 дечиња. Дечињата јадат проверени и безбедни, домашни овошја, а целиот процес се води под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ, кои го контролираат квалитетот и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e