Економските промотори со истечен мандат ги воделе како на службен пат за да не се вратат во Македонија

Техничката влада на Емил Димитриев ги водела владините економски промотори како да се на службен пат со патен налог за да не треба да се вратат во Македонија, иако им е истечен мандатот уште во декември.

Ова го откри вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најави дека ќе бидат укинати економските промотори.

– Мое мислење е дека треба да се задржат 18 промоторски места, но не како економски промотори, туку економски аташеа во рамките на амбасадите, како што е во секоја нормална држава – рече Анѓушев.

Само за плати и придонеси за 32-та економски промотори во 2016 од буџетот биле исплатени вкупно 1,2 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e