ЕК: Наскоро брз тест кој дијагностицира ковид-19 за 30 минути

Eвропската Комисија денеска најави позитивни резултати во однос на брз тест за дијагностицирање на коронавирусот.

Како што јави МИА од Брисел, тестот е со име „ХГ нКоВ19„ и е еден од осумнаесетте проекти финансирани од Европската Унија во рамките на програмата „Хоризонт 2020“.

Тестот, на кој научниците работат од февруари, може да детектираприсуство на коронавирус за триесет минути и тоа во рана фаза од инфекцијата.

Станува збор за заеднички проект на научници од Ирска, Обединетото Кралство, Кина и Италија и е координиран од ирската компанија ХиберГен.

-Ова е одличен пример на научни истражувања од ЕУ во акција, охрабрена сум што нашите научници одговорија на предизвикот, го развија овој дијагностички систем толку брзо и ја испорачаа оваа цел на нашите први итни повици. Клучно е коронавирусот да се дијагностицира побрзо и на посигурен начин, затоа што така се намалува ризикот од натамошно ширење на вирусот – изјави Марија Габриел, еврокомесарката задолжена за иновации.

ЕУ учествувала со 930 илјади евра во овој проект, а компанијата ХиберГен ја поддржува во своите истражувања веќе дваесет години, информираат од Европската Комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e