Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

6-2-2048x1367

Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители.

2 Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје.

44

Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите.

5„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

3

Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави:

-Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза, се заблагодарија од СОС Детско село.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e