Џејла Рамовиќ уапсена среде настап во Македонија

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од БиХ била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без соодветна работна дозвола.

За време на засилена контрола во угостителски локали на магистралниот пат Кичево–Охрид, изведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември, полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад влегле во објект каде настапувала Рамовиќ.

„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Според полицијата, групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци“, информираат од СВР Охрид.

Случајот е пријавен до Основниот суд во Кичево, а против уметниците е поднесена прекршочна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e