Џафери за Телма: Ноторна невистинина е дека пратениците земаат по 100 000 денари за апанажа

Не е вистина дека пратенциите земаа по 100 илјади денари за апанажа, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во изјава за Телма.

Тој реагира на денешната прес-конференција на Државната комисија за спречување корупција на која беше соопштено дека висината на апанажата на оние на кои им завршил пратеничкиот мандат изнесува околу 100 илјади денари.

„Несмасно е, ноторни невистини да се изнесуваат од такво тело за состојбите во Собранието по однос на висината на апанажата на пратениците“ вели Џафери.
Tретина од бившите пратеници чекаат апанажа, додека дел од бившите министри чекаат други функции.

Тој рече дека ДКСК треба да се преиспита за овој наод и побара од нив во текот на утрешниот ден да се извинат.

Додаде дека. Антикорупциската комисија е едно од регулаторните тела кои се избираат во Собранието и треба да врши дел од надзорната улога во името на Собранието, а доколку не се извинат ќе бара и нивна одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e