Претседателот на Собрание Талат Џафери синоќа прогласи постојано заседание на Парламентот, поради што собраниската седница траеше до 3.30 часот по полноќ. Оваа негова одлука дојде заради обидот на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои се организираа во 10 пратенички групи, со паузи и бесконечни реплики да ја блокираат работата на законодавниот дом. На секој час работа, Џафери закажуваше ново продолжение по паузата.
По координацијата на пратеничките групи претседателот Џафери соопшти дека маратонската ноќна седница завршува и продолжува денеска во 13 часот.
То во текот на вчерашниот ден постави лист на кој на англиски пишува „Тишина молам!“, а потоа на пратениците им напиша уште две пораки „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.
Во текот на седницата, некаде при крајот пратеничката Владанка Авировиќ од коалицијата “За подобра Македонија” му кажа на Џафери дека не било уставно да се држат пратениците до толку доцна на што Џафери мртов ладен и реплицираа дека кога таа ќе биде уставен судија тогаш ќе може да суди дали е уставно или не е, испраќајки ја на пратеничкото столче се додека тој лично не ја прекине седницата.