Следниот пат добро размислите пред да повикате обезбедување, го предупреди претседателот на Собранието Талат Џафери од говорницата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошски и веднаш побара еден час пауза.
Џафери рече дека не можат да чекаат мислење на Антикорупциската комисија, зашто тоа е институција што е избрана од Собранието.
– Вие можете да продолжите така да си го толкувате, тоа е ваше право. Јас не ги толкувам, ја спроведувам пропси. Не сум ограничен од ништо освен од волјата на пратениците – рече Џафери и додаде дека десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ се формирани спротивно на Деловникот по што настана бучна расправа.
Опозицијата, своето барање го темели пред се врз основа на член 8 -а од Изборниот законик според кој не може да има разрешувања и именувања во време кога се распишани избори.
– Нема да дозволам овде никој никого да испровоцира. Може и тенџериња да донесете. Должен сум да обезбедам услови за работа на Собранието и тоа ќе го обезбедам со ваша или без ваша волја. Ако сте се решилие да испровоцирате инцидент јас не се мешам. Јас ги известувам граѓаните за прописите, а тие ќе ценат кој сака да предизвика ред или неред – рече Џафери.
Претседателот на параламентот даде пауза од еден час, која заради координација претходно ја побара пратеникот Антонио Милошоски