За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илијоски повторно побара пауза од еден час.
Пред паузата, Џафери, обраќајќи им се на пратениците и на јавноста рече дека нема да коментира која е намерата со честото прекинување на седницата со барања за паузи и ќе остави јавноста да го процени тоа.
-За да не се сфати дека си правиме сопки едни на други, ние договоривме како ќе се одвиваат седниците. За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот – рече Џафери.
Изутринава уште седницата не почната координаторот на седмата пратеничка група Димитар Стевананџија побара час пауза додека Илија Димовски дури даде предлог седниците почнуваат покасно од 12ч.
Потег кој ќе ги остави пратениците да работат и во доцните часови меѓутоа ова е едно од можните решенија за деблокирање на работата на собранието и побрзо носење на законските решенија од интерес на граѓаните.