Џафери му го исклучи микрофонот на министерот за финансии, Драган Тевдовски

Министерот за финансии, Драган Тевдовски во моментов (16:15ч.) се наоѓа на собраниската говорница од каде го бранеше предложениот ребаланс на буџет.

Иако Тевдовски имаше 15 минути да го презентира буџетот, по се изгледа тоа беше премалку па министерот продолжи да зборува и по неколкуте опомени од претседателот на собранието, Талат Џафери.

На крај сепак по консултации помеѓу двајцата Џафери одлучи да му даде дополнително една минута.

Тевдовски  сепак успеа во својата намера и успеа да се заблагодари на неговите колеги во министерството кои помогнале да се скрои ребалансот и дополнително најави дека во министерството многу скоро ќе влезат многу квалитетни кадри кои докторирале на некои од најпознатите европски и американски универзитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e