Дволичност: ДПМНЕ цела кампања го обвинуваше СДСМ за двојазичност а сега најавува Закон за албанскиот јазик

ВМРО – ДПМНЕ која до сега го обвинуваше СДСМ за продавање на државните интереси и албанизација на Македонија поради Законот за албанскиот јазик, сега најавува дека во Собрание ќе предложи токму Закон за негова употреба. Димовски вели дека на списокот на законите кои опозицијата ќе ги предложи, не се исклучува можноста да биде и Законот за албанскиот јазик.

ВМРО – ДПМНЕ по неуспехот за формирање на Владата, водеше жестока кампања против албанскиот јазик и заедничката декларација на партиите на Албанците, по што омразата кулминираше со насилство на 27 април. Партијата на Груевски тогаш најавуваше дека со усвојување на Законот за албанскиот јазик, официјално ќе започне федерализацијата и кантонизацијата на државата.

Но, ова не беше се. Покрај институционалната битка, ВМРО – ДПМНЕ извади на улица и народ зад иницијативата „За заедничка Македонија“, која 70 дена по ред протестираше низ неколку градови на земјата изразувајќи омраза против албанскиот јазик и Албанците. Главното мото им беше „Чиста Македонија“.

На пропагандата на ВМРО – ДПМНЕ против албанскиот јазик се приклучи и претседателот Ѓорѓе Иванов, кој една од причините за тоа што не го даваше мандатот на Зоран Заев, ја наведе и двојазичната држава. ВМРО – ДПМНЕ досега во неколку излагања нагласи дека се што СДСМ вети, ќе го иницира и како опозиција. Досега, партијата на Никола Груевски предложи измени на Законот за извршители, Законот за јавно обвинителство и Законот за работни односи.

Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e