Двајца Непалци завршија во полициската станица во Крива Паланка – Ова е причината

На 30.09.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Исток ги привеле М.С.(21) и В.Р.(27), двајцата од Непал, со дозвола за престој во Република Бугарија, затоа што илегално ја преминале државната граница и влегле во Република Северна Македонија. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e