На денешен ден пред 21 година беше извршен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров го преживеа атентатот со повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски.
Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.
Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во 94 година од животот.
За поврзани вести продолжете надолу