Дури 65% од македонците сметаат дека Владата презема соодветни мерки за справување со Ковид -19

Gallup International Association (GIA) изработи анкета во контекст на ситуацијата „КОВИД-19“, во која учествуваа повеќе од 25.000 луѓе во 28 земји низ целиот свет. Во нив спаѓаат САД, Русија, Индија, некои од најпогодените земји – Италија, Република Кореја, Шпанија, Франција, Германија, Швајцарија, итн., како и многу други земји од различни континенти, вклучувајќи ја и Македонија, каде анкетата е спроведена од БРИМА, македноската члена на GIA.

Резултатите од Македонија, се наведува, не отстапуваат многу од вкупниот просек, анксиозноста од можноста за инфекција од овој вирус е присутна кај мнозинство од анкетирате 63%, наспроти 36% кои покажуваат смиреност.

Во Македонија на прашањето „Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава:
Се плашам дека или јас или некој од моето семејство може да биде заразен со коронавирусот“, 20% од учесниците во истражувањето целосно се согласуваат со изјавата дека нивната влада досега добро се справува со короновирусот, 42%- донекаде се согласуваат, 20% – донекаде не се согласувам и 12% – воопшто не се согласуваат. Така, уделот на оние кои позитивно ја оцениле својата влада (62%) го надминува уделот на негативно оценетите (32%). Другите 6% не можат да одговорат.

Сепак, мнозинство од граѓаните (65%) во земјава искажуваат одобрување за досега преземените владини мерки, наспроти 29% кои не се согласуваат како владата се справува со епидемијата.

Во однос на спремноста на институциите да се справат со вирусот, највисоко ниво на подготвеност во овој поглед покажуваат Македонците (94%), заедно со Австријците (94%) и Холанѓаните (91%).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e