Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при своите воведни зборови за случајот „Рекет“ соопшти дека се работи за обвинение „кое е незаконско“.
Тој праша и како е можно, како што го нарече Боки 13 „самонаречен естраден уметник“ да изврши влијание врз првиот обвинител на државата.
– Недозволиво е во овој најголем предмет, да се користи само законскиот текст. Го молам судот внимателно да го цени секој доказ. Тоа обвинителството не го стори. Како е можно самонаречен естраден уметник да изврши влијание врз првиот обвинител на државата? Најважно е кое дело е извршено со ова наводно влијание врз првообвинетиот, изјави Дуковски.
Судењето е во тек.