ДУИ повика на обединување на албанските гласови на локалните избори

Централниот изборен штаб на ДУИ денеска преку соопштение до медиумите упати апел до гласачите од албанска националност „да се обединат за локалните избори зошто само така ќе станат уште посилни“. Директен повод за овој јавен повик е одбивањето на партијата БЕСА да го поддржи единствениот албански кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ДУИ – Фатмир Дехари.

„По поттикнување на историската поделба на албанскиот глас на 11-ти декември и губењето на повеќе од девет албански пратеници,
По негласањето на првиот Претседател албанец на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери,
По поттикнување на насилство во Собранието преку погрешно пеење на националната химна за да ги провоцира македонските демонстранти,
По напуштање на Собранието на 27 април,
По негласањето за разрешување на државниот јавен обвинител. По, негласањето за ставање на дневен ред законот за јазиците,
По одбивањето да седнат и да се договорат со другите албански политички партии,
По одбивањето на заедничката декларација на албанските партии,

Денес, Движењето Беса и Билал Касами заедно со експонатите на оваа партија уште еднаш се стават во служба на анти-националните сили, работејќи против единствениот албански кандидат во Општина Кичево, г. Фатмир Дехари, неподдржувајќи го него“, пишува во дописот на ДУИ.

Оттаму ги повикуваат Албанците да се сооединат, да се поддржат еден со друг, да излезат уште посилни и пообединети со цел да станеле поважни.
„Ги повикуваме гласачите да не станат жртва на секакви тенденции за поделба и дефакторизација, туку да застанат по достоинсвените кандидати за Градоначалници на Општини кои ќе се стават во нивна слижба секој ден и за секоја потреба“, соопштија од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e