Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19

Државна видеолотарија донира 11.107.000 денари за јавното здравство, со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19.

Од Државна лотарија информираат дека десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615.000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492.000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e