Државата не е колач, па секој да си зема колку сака, вели проф. Најческа

Државата не е колач, па секој да си зема колку сака, изјави вечерва професорката Мирјана Најчевска во „Само вистина“ на Канал 5.

„Партиите ја замислуваат државата како колач и сега ќе го делиме колачот. Државата не е колач. Државата е алатка која што треба да им служи на граѓаните“, изјави Најчевска.

Според неа, државата најдобро ќе им служи на граѓаните доколку бидат поставени вистинските лица на вистинските позиции, односно професионалците, „а не по политичка линија“.

„Има објективни критериуми и ако тие критериуми се однапред поставени со соодветни процедури во кои што ќе се води сметка токму за тие објективни критериуми, а не за субјективните, во тој случај е многу голема веројатноста на соодветните места да дојдат соодветни луѓе“, истакна Најчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e