Драги Рашковски не е повеќе генерален секретар на владата, потврди денеска премиерот Зоран Заев.
„Пред месец и половина Драги Рашковски си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар на владата, се уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски “, изјави премиерот Заев.