„ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ за граѓаните“: Падна предлогот на Левица за повеќе пари кај народот

Вчера во Собранието беше одбиен предлогот на пратеничката група на Левица за измени на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, со кој се предвидуваше значително зголемување на износот што граѓаните можат да го добијат назад преку системот „Мој ДДВ“, велат од „Левица“.

„Нашиот предлог и интервенција во овој закон е заснован на истите цели и начела со коишто законот веќе постои. Разлика е во тоа што максималниот износ за поврат на ДДВ го зголемуваме од 2.100 денари на 4.100 денари по лице по тромесечие“, образложи пратеникот Реџеп Исмаил, појаснувајќи дека за да стане достижен овој повисок износ, се предлага и зголемување на процентот на поврат за производите и услугите.

„Повратот за македонските производи и услуги се зголемува од 20% на 40%, а повратот за останатите производи и услуги од 10% на 20%. Со ова максималниот износ од 4.100 денари по лице по тромесечие станува достижен, исто како што сега е достижен износот од 2.100 денари“, посочи пратеникот.

Со одбивањето на оваа мерка, власта пропушти можност да им остави повеќе пари на граѓаните во период кога растот на цените сериозно го притиска животниот стандард. Левица останува на ставот дека даночниот систем мора да стане поправеден, со политики кои ќе ја штитат куповната моќ на работниците и ќе го намалат товарот што денес непропорционално најмногу и најсилно паѓа токму врз граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e