Нема нешто поубаво кога човек има мирна совест и кога секого може да погледне во очи. Ние тоа го можеме. Бидејќи дадениот збор го исполнуваме, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната трибина „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица, во рамки на серијалот трибини „Решенија што прават разлика“.
– ДПМНЕ се најголема штета за македонското земјоделство. Додека тие најплодните земјишта ги земаа од земјоделците и ги дадоа на некој си Субрата Рој ние тие земјишта ги вративме назад кај земјоделците. Цели 6 години 5.000 ха плодна земја стоеше необработена, заробена од Субрата Рој.

-Денес ова земјиште е назад кај вистинските земјоделци и се обработува. Секоја една педа обработлива површина ја ставаме во функција, за обработка на храна. Минатата година ставивме на располагање 14.000 ха земјоделско земјиште за обработка.
Со новите измени во законот за земјоделско земјиште, се изборивме и за прв пат креиравме јасни чекори со кои се заштитува земјоделското земјиште од 1до 4 категорија од можни пренамени за изградба на енергетски објекти.
Успеавме во нашата цел ! Е ова се факти од кои нема бегање, ова е разликата меѓу нас и нив, порача Николовски.

