Доворено склучување на меморандум меѓу АМС и НМСМ

Партнерството меѓу Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија се зацврстува.

Денеска се одржа уште една средба во рамки на редовно воспоставената соработка.

Се разговараше за претстојниот Меѓународен ден за млади, креирањето на новиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт и актуелни прашања поврзани со младинските политики.

Во организација на АМС и НМСМ се организира отворен настан, во сабота (12.08.2017), во Градскиот парк (Школка), со почеток во 18:00 часот. На настанот ќе се одржи дебата за Младинската Гаранција и ќе следува музички дел со бенд и диџеи.

На овој настан за млади ќе се потпише и Меморандум за соработка меѓу АМС и НМСМ.

На работната средба се дискутираше и за проектите за 2018 година. Се предвидуваат значајни активности околу промоцијата на Младинската Гаранција, доближувањето на оваа мерка до секој млад човек, моделот на соработка меѓу државните институции и приватниот сектор.

Се разговараше и за зголемена помош за лицата со инвалидитет, кадешто покрај подобрување на условите, потребно е и нивна дополнителна вклученост во општествено – политичките процеси. Овие лица значително ќе бидат претставени во новиот Буџет.

Исто така, присутните разговараа и за проекти за млади од областа на претприемништвото, културата и се нагласи важноста проектите да се реализираат во соработка со надлежните институции.

AMS NMSM web3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e