Довчерашната “независна” пратеничка била во игра за кандидат за Центар

Општина Центар до последен момент остана централното незатворено прашање во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Старата болка е една од најголемите желби на двете партии.

Битката за градоначалничката фотелја во 2013, Жерновски ја доби дури по петтиот круг, иако имаше реални шанси, ако некој не ги опоменеше ВМРО-ДПМНЕ да се помират со поразот, да се трчаат и пет олимписки круга.

И сега долго се тактизираше се мереше и премеруваше. И во двете партии имаше тензии, договарања, па како што се слушаше и уцени.

Партијата на Груевски навидум воздржано го чекаше расплетот во СДСМ, кој беше со многу пресврти и исфрлени имиња. Но само навидум, затоа што, како што дознаваме на секој потенцијален кандидат од СДСМ, тие подготвувале кандидат кој ќе му парира. Значи ништо не оставале на случај. За кандидатите Жерновски, Лукаревска, Манчевски, Богдановиќ, се подготвувани Трендо, Рангелова, Јовановски и Солза Грчева, пратеник во предходниот состав во собранието избрана преку партијата на СДСМ, а по одлуката на СДСМ да не учевствува во работата на собранието одлучи сама да настапува како независна пратеничка.

Сега дефинитивно битката за најградската и најбогата општина ќе ја водат поранешниот кошаркар Дејан Јовановски и страсниот навивач и директор на ПОЦ Саша Богдановиќ. Мечот започнува на 25.октомври, а дали некој ќе постигне тројка во Центар уште во првиот круг ќе се знае на 15. Октомври.

Извор: A1он.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e