Отворен Балкан нуди многу можности, со отворени граници без административни процедури, чекања и бариери. Со извоз вреден 61,4 милиони евра Северна Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Достигнавме до 220 регистрирани мали семејни винарии, што е голем успех и показател на нашата посветеност.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потенцира дека македонските винарии се големи корисници на ИПАРД 2 во овие 5 години.
-Нивните инвестиции и модернизација преку ИПАРД 2 ја поставија нашата земја на лидерското место и во искористеност на ИПАРД и во извоз на вино. Продолжуваме со јасна стратегија на развој и во следните 5 години со ИПАРД 3, но и на долг рок, додаде тој.