Дорис Пак ја нарече „глупава“ одлуката на Макрон да ги блокира С.Македонија и Албанија

Поранешната германска европратеничка Дорис Пак, во изјава за МИА вели дека францускиот претседател Емануел Макрон направил грешка со своето противење за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека на луѓето од Западен Балкан треба да им се понуди нешто конкретно за да тие се почувствуваат како европјани.

Дорис Пак, која важи за добар познавач на приликите на Балкнот, оценува дека француското не, поточно одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон, била непромислена.

– Тоа беше непромислено не, тоа беше не од некој кој не го познава регионот. Не знам зошто г-динот Макрон го направи тоа. Секогаш велам дека тоа е како: „Јас сум кралот и тоа што го кажувам е вистината“. Но, со тоа тој остави можност други сили да дојдат во регионот, и тие се веќе тука. Тие се зад завесата, но тие се тука. Тоа се Русите, Кинезите, Ердоган… Тие не сакаат демократија таму, тие сакаат да заработуваат пари или да создаваат проблеми за Европската Унија. Таа одлука беше навистина глупава. За жал тој е претседател на голема земја и според мене тој веднаш сфати дека згреши со неговата одлука, и поради тоа го направи документот со седумте точки за измена на постапката на преговорите, вели Дорис Пак.

Таа е против францускиот документ од седум точки и бара ново решение кое на граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе им овозможи да се почувствуваат како европјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e