Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Андонов во посета на СВР-Штип

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов денеска беше во посета на СВР-Штип, каде што од страна на раководителите на секторите беше информиран за состојбата во секторите и за проценката за безбедноста состојба во овој регион.

Како што изјави Андонов, досегашната безбедносна состојба во овој регион на подрачјето на СВР-Штип е поволна.

– Нема загрозување на безбедноста, а за оние ситни инциденти по прашање на јавниот ред и мир, односно на прекршоци и тешки повреди во сообраќајни несреќи изразени во регионот на СВР-Штип, апелирам до граѓаните за внимателно возење со моторните возила, внимателно однесување во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, вели Андонов.

Тој истакна дека полицијата работи под полн капацитет и покажува подготвеност и активност на теренот за да се справи со сите ризици и закани.

Прашан дали ќе се преземат дополнителни мерки за намалување на сообраќајните несреќи на територија на СВР-Штип, Андонов посочи дека мерките се веќе доставени до СВР Штип.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e