Домашно произведените ајвари, мармалади, вина и ракии со поедноставени услови за производство

Стапија на сила долго очекуваните правилниците на АХВ со кои се олеснуваат условите за преработки од животинско и растително производство.
Домашно произведен ајвар, домашни мармалади, џемови и компоти, домашна ракија и вино, сирење и други млечни и месни производи сево ова веќе можат земјоделците од почетокот на месецов, да го произведуваат во домашни услови и слободно да го продаваат на пазар или во локални маркети. Стапија на сила долго очекуваните правилниците на АХВ со кои се олеснуваат условите за преработки од животинско и растително производство. Воопшто нема да се бараат документи за објектите каде се вршат преработките само ќе треба да се исполнат минималните хигиено технички услови за домашните и традиционалните производи да бидат здравствено исправни за потрошувачите.

На терен почна да се промовираат предностите од новите правилници а се изврши и обука на инспекторите од АХВ и советниците од агенцијата за поддршка на земјоделството кои ќе ги подучуваат земјоделците како слободно да произведуваат и да продаваат легално и законски од куќен праг или по маркетите. Со овие правилници ќе се отворат можности за нови инвестиции во објекти за преработки, ќе се создадат услови за дополнителни заработувачки и во вакви кризни времиња а ќе помогне многу и за развој на понудата во руралниот туризам.

Извор: Канал5  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e