Домашни и странски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес конференција информира дека во изминатите три месеци имал остварено средби со околу 250 странски и домашни компании и дека многу од нив се заинтересирани да инвестираат во Македонија веднаш по објавувањето на владините мерки за индустриски раст и згомеување на конкурентноста на македонската економија.

– Многу странски компании сакаат да инвестираат во Македонија. Има најмалку 10 кои по објавувањето на мерките ќе инвестираат во Македонија. Мерките нема да бидат редуцирани за странските компании, туку ќе важат и за македонските компании. Мерките ќе важат за сите кои ќе дадат придонес за македонската економија, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e