Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска денеска се обратија на Годишното собрание на Националната федерација на фармери.

-Соработката со Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF е од исклучително значење, ние сме партнери во вистинска смисла на зборот. Заедничките успеси се многубројни, со јасна визија и цел:
Жените земјоделки за прв пат во историјата после 30 години добија право на платено мајчинство.
Заради успешноста на мерката Рурална жена двојно ја зголемивме поддршката од 3.000 на 6.000 евра и постигнавме рекордни резултати.
Заедно ја креиравме најголемата земјоделска реформа и новиот модел за субвенционирање.
Новата програма за мали производители и мали семејни винарии.
Креиравме правилници за продажба од праг и фарма.
Ја спроведовме програмата за откуп и дистрибуција на македонското јаболко до 186.000 ученици.
Заедно не чекаат уште многу нови предизвици за нови успеси, порача министерот Николовски кој денеска доби и благодарница од Националната федерација на фармери.

-Посебно ми значи денешната благодарница од Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF. Таа е доказ за нашата успешна досегашна соработка, но за мене и обврска истата уште повеќе да ја развиваме во нови проекти и успеси во корист на земјоделците, рече Николовски.
