Дизелот поскапува од полноќ – ова се новите цени на горивата

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ ќе се зголеми за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Така од утре цената на дизел горивото ќе изнесува 70 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 останува иста 73,5 денари. Непроменета е цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и ќе се продава за 75,5 денари.

Останува иста и цената на екстра лесното масло за домаќинство (67,5 денари), додека цената на мазутото останува исто непроменета 36,1 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e