Милан Ристески повеќе не е директор на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Тој е разрешен од директорската функција. Тој беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, и учесник во Собранието на 27 април, кога се случија крвавите настани во Законодавниот дом, кога беа претепани пратенците од парламентарното мнозинство.
Неофицијално, во наредниот период се очекува да продолжат директорските смени на скопските клиники, па така и актуелната директорка на скопската Клиника за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега ќе го напушти директорското столче, а на нејзино место најверојатно ќе седне доктор Викторија Јовановска.