Директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, Васко Кичевски, е позитивен на ковид-19 и од денеска е во самоизолација.
„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност.
Чувајте се“, истакна Кичевски на својот Фејсбук профил.