Директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов за емисијата „10 минути“ на ТВ21 изјави дека ставот на министерот за здравство Венко Филипче е дефинитивно мислење на Комисијата за заразни болести.
Стојанов изјави дека децата над трето одделение не треба да одат во училиште затоа што идејата е да нема групирање.
„Ние ќе имаме празен простор на училиште, но пак ќе има групирање. Од 1-во до 3-то одделение дозволивме затоа што сметаме дека е многу важно за првачињата да осетат што е школо и како тоа изгледа, а плус и тие дечиња не се толку вешти да работат на компјутер. Поголемите можат да ја пратат наставата со физичко неприсуство, односно од далечина, но го избегнуваме моментот на дружење на концентрација на поголем број на луѓе на едно место. Тука не се само ученици, тука се и наставници, помошен персонал, па затоа од таа гледна точка вака е побезбедно“, смета Стојанов.