Директно вклучување од Словенија на министерот Николовски во вестите на ТВ 24: Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от саем „АГРА“

Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от интернационален саем за земјоделство и храна „АГРА“, што секоја година се одржува во горна  Словенија. Годинава партнер на саемот е Народна Република Кина. Се работи за еден од најголемите саеми за земјоделство во Централна и Источна Европа.

„Македонија ја доби честа следната 2018 година да биде нова земја – партнер на Словенија во спроведувањето на овој, еден од најзначајните саеми во Европа, а во Македонија е најзначаен и се надевам дека ова ќе значи вклучување на голем број компании  кои што ќе се претстават следната година. Претставување на нашата култура, претставување на нашите земјоделски производи, претставување на нашата прехранбена индустрија, особено на нашето вино, на следниот саем“, вели Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e