Димовски: Законот за јазици мора да претрпи измени во согласност со препораките на Венецијанската Комисија

Во Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница се обрати пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека во текот на вчерашниот ден медиумите ја пренеле вестаза тоа каков е извештајот на Венецијанската комисија во врска со законот за јазици. Според ова Димовски предложи да се имплементираат одредбите и препораките од Венецијанската Комисија.

„Ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот. Јас така паметам ако грешам имате милион начини како да ме демантирате“, посочи Димовски.

Димовски истакна дека Венецијанската Комисија вели „Комисијата го повикува законодавецот да го преиспита законот за јазици, да се откаже од одредбите на законот во врска со двојазичност во судовите. Да се ревидира член 3 од Законот употреба на јазикот ќе оди во внатрешни и меѓуинституционална комуникација. Да се обезбеди доволно правна јавност во смисла на коментари дадени во сегашното мислење за да се користат и немнозинските јазици, оние на петте помали заедници спомнати во Уставот. Да се одложи извршувањето на санкциите“.

„И најбитно според Венецијанската Комисија би било корисно доколку властите спроведат детални студии за причините и недостатоците во спроведување на законот 2008 година, на тој закон се повикуваат. И да го проценат влијанието во однос на буџетот и човечките ресурси. Исто така Комисијата препорачува законодавецот да не ја користи скратената постапка на господинот Џафери за ревидирање на Законот за јазици“, истакна Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e