Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница за избирање на технички министри во преодна влада за одржување на предвремените парламентарни избори зборуваше за изборот на двајцата нови министри во Владата односно за министерот за внатрешни работи, господинот Наќе Чулев и министерката за труд и социјална политика, Рахела Мизрахи и го кажа следното:
-Jас сакам да им честитам на двајцата нови министри во Владата, господинот Наќе Чулев и Рашела Мизрахи кој што според биографијата, работно искуство, според едукацијата кои ја имаат ќе се носат сами двајца со цела влада. И тоа нам ни претставува гордост заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ секогаш знаело да предложи кандидати кои што имаат свое искуство во минатото.
Имeно Димовски во своето обраќање потсети и на тоа дека владата на СДСМ ќе остане запаметена по вработувањата на блиски роднини на пратеници, министри, градоначалници на СДСМ како и по многуте ветувања кои СДСМ ги вети во предизборието, а не ги исполни.