Очекувавме од страна на господинот Стево Пендаровски во првото обраќање како претседател пред пратениците да се обиде да гради мостови, но очигледно се уште не е излезен од чевлите на СДСМ и денес наместо да понуди градба на мостови и она што самиот го зборуваше, помирување, тој само успеа да ги продлабочи подлебите во општеството. Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема партиските ставови од СДСМ и кога ја има фунцкијата порпарол на владата и СДСМ, критикуваше пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Слушнавме премногу празни зборови, но не и што конкретно е направено во овие седум месеци. Чувме многу дијагнози, но не слушнавме лек. Слушнавме оправдувања и релативизирања за проблемите на граѓаните, но не конкретни планови и чекори. Слушнавме оправдувања за однесувањето на власта. Не слушнавме ништо за неговите однесувања и изјави во последните седум месеци. Морам да потенцирам дека и за оние идеи кои Пендаровски ги посочи, нема договори со опозицијата, што говори дека станува збор за претседател кој ќе продолжи да врши работи во функција на партијата кој го предложи и избра за претседател“, рече Димовски.
Тој рече дека опозицијата жали за толкувањата на извештајот од Венецијанската комисија. Вели ја испочитувале и седницата, го испочитувале и него, но тоа не дало плод.
„Седум месеци вршење на фунцкиајта претседател се сосема доволни да излезе од партискиот дрес. Време е да се постави како претседател на сите граѓани, што во овие седум месеци не успеавме да го забележиме. Национално помирување не е квалификации и дисквалификации користење партиски речник. Тоа би било кога за клучни прашања од значење за граѓаните, сите клучни инстиуции, партиите ќе успеваат да најдат консензуални решенија за се што ги тангира граѓаните. Национално помирување е кога сите ќе разбереме дека оваа држава е држава на сите. Десетици закони во овој состав на Собранието кои беа поврзани со ЕУ, поминаа со поддршка на опозицијата. Власта нема двотретинско мнозиснтво, но ние како конструктивна опозиција учествуваме за законите поврзани со евроатлантската интеграција. Подадовме рака, дури и нашиот коректен однос и нашето присуство денес претставуваат подадена рака, но говорот на Пендаровски освен етикетирања, не понуди никаквов друг концепт“, додаде Димовски.
Фото: Локално.мк