Димовски ги соопшти имињата на новите координатори.Груевски го нема никаде

Пратеникот Илија Димовски ги соопшти имињата на координаторите на пратеничките групи. На првата група од шест члена, координатор е Димовски.

На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата пратеничка група координатор е Даниела Рангелова, на 6-тата Панчо Минов, на 7-та Димитар Стевананџија, на 8-та Драган Данев, на 9-тата Благица Ласовска и на 10-тата пратеничка група Драган Цукле.

Со оглед на позицијата која Груевски ја има во партијата по малку е и чудно што тој не се јави во функција на координатор а како координатори не се најдоа ниту екс премиерот Емил Димитриев, ниту екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Тројцата се дел од првата пратеничка група од шест члена.

Секој од координаторите има по двајца заменици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e