Министерот за земјоделие Трајан Димковски на дебата со дополнителниот заменик министер Трипуновски на ТВ 24 истакна дека политичкиот противник ја злоупотребува маката на земјоделците за политички поени.
-Случаите коишто ги искористивте, за жал, секогаш повикувајќи се на маката на земјоделците, вие доведовте земјоделец којшто го сликавте, којшто го натеравте да даде изјава, и замислете, тој истиот, каде што вашиот советник е во кабинетот сега седи, да го прашавте каков записник му направи кога излезе на терен, ќе видите дека има узурпирано земјоделско земјиште, кажа Димковски.