Од 2017 до 2019 година склучивме 526 договори за мерката за неповратна финансиска поддршка за млади земјоделци во вредност од над 3, 5 милиони евра, а ВМРО ДПМНЕ од 2012-та до 2016 -та година клучи само 250 договори во вредност од 2,4 милиони евра, му порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостпанство Цветан Трипуновски во вечерашната емисија Тренд Анализа на телевизијата 24.
„Мерката за финансиска поддршка за младите земјоделци ВМРО ДПМНЕ ја воведе во 2012 година и беше по принципот прв додјен прв услужен. Веднаш кога дојдовме го отстранивме овој услов со цел да има поголема искористеност и да ја доближиме мерката до сите малди земјоделци што сакаат да се занимаваат со земјоделство. Ги променивме и условите во делот на тоа да не бидат само трактори за набавка, туку се фокусиравме на инвестиции во преработки, со што малдите земјоделците ќе можат да остварат и поголеми приходи“, изјави министерот Димковски.
Димковски посочи дека за оваа година неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.