Димитров: Само со индивидуална одговорност и со личен влог ќе направиме од ова парче земја држава за пример

“Секој човек одделно, а не општеството или религијата, е лично одговорен за давањето смисла на животот и битките да ги живее страсно и искрено.”
Коле Неделковски

Само со индивидуална одговорност и со личен влог ќе направиме од ова парче земја држава за пример.

Големи битки добивме, во нив се вложив и страсно и искрено.
Ама такви допрва се пред нас.

Ајде сите заедно, не’ чека полето за натпревар со народите, не’ чека Европа да и’ покажеме што можеме.
Ајде да го препознаеме моментот и секој следен роденден да го славиме се’ погорди и се’ поуспешни.

Честит нека ни е Денот на независноста, вечна да е Република Северна Македонија, нашата Македонија.
ФБ статус на Никола Димитров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e