Димитров: Само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници

„Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки. Итно е потребно целосно расчистување на овој случај“, забележува првиот човек на Секретаријатот за европски прашања и екс министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Мора да се истражат сите наоди и да се открие целата слика, оти за државата само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници – а тоа е кога во тие сомнежи би имало вистина“, посочи Димитров.

Инаку директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова утре во 11.00 часот, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи прес-конференција по повод шпекулациите за злоупотреба на пари од институцијата која ја раководи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e