Димитров: Примив трета доза вакцина или бустер, а тоа на јазикот на ЕУ значи поттик

Во речникот што го создаде пандемијата, моментално најактуелен збор е „бустер“ што мислам дека е најблиску до значењето на еден друг збор, инаку често употребуван во контекст на ЕУ – „поттик“, објасни вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, откако денеска ја примил третата доза вакцина против коронавирусот, иако како што вели, не е во групата за која бустерот е препорачан.

– Надминувањето на сериозни предизвици бара соодветен поттик, затоа денеска одлучив да примам трета доза вакцина против КОВИД-19. Чисто да се знае, не сум во возрасната група за која посебно се препорачува, напиша Димитров на Фејсбук.

Вчера слична објава имаше и од претседателот Стево Пендаровски, а досега „бустер“-дозата ја примиле и повеќе министри, како и премиерот во заминување Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e