Димитриевски: Тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена

Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува.

Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.

Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија.

– Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена.

Колективното здравје е приоритет број еден.

Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно.

Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова.

Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома.
ФБ статус на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e