Димитриевски: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев

Комисијата за земјоделство на СДСМ, преку Александар Димитриевски, денеска одржа прес-конференција на која остро реагираше на апсењето на директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, прашувајќи дали во корупциската шема е замешан и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

СДСМ го нарече директорот Стоилев „кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски“, и тврди дека неговото фаќање во скандал со мито е потврда дека корупцијата во земјоделството „цвета“.

„Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувло на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите“, рече Димитриевски.

Од партијата посочија дека со месеци се зборувало за провизии и притисоци во земјоделските кругови, што сега добило конкретна потврда со апсењето.

„Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешан во оваа корупциска шема? Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност? Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството?“

СДСМ предупредува дека овој корупциски скандал претставува директна закана за суспендирање на ИПАРД програмата од ЕУ, што би блокирало милиони евра наменети за македонските земјоделци.

„Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше прва во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна., рече Димитриевски.“

Димитриевски заклучи дека ова е слика на Македонија под ВМРО-ДПМНЕ, каде парите на земјоделците ги крадат функционерите на власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e