Димитриевски: Бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме

Поминаа тие тешки моменти кога Куманово беше ставено на маргините на државата, денеска Куманово има големи можности и ги користи тие можности општината се развива и гради, истакна кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Тој нагласи дека Куманово е единствена општина, која беше блокирана, намерно вештачки од претходната власт а сега е раздолжена.
Dimitrievski
Денеска на сметка има 167 милиони денари граѓански парти, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово, подвлече Димитриевски, додавајќи дека само оваа година се изградни 8 км патна инфраструктура, извршена е реконструкција на сите спортски капацитети во училиштата, за 3 години се изградени 3 училишни спортски сали, проширена е гасоводна мрежа

Димитриевски истакна дека Соколаната и спортската сала и стрелиштето, стадионот, се вратени назад на општината и се реконструираат и ќе продолжиме посветено понатаму.

Ние од СДСМ сме најупорните, бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме до крај, додека Куманово го градиме како еден модерен европски град, а различностите ќе не направат уште посилни, порача градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e