Димитриеска Кочоска: Посакувам повесели лица и позадоволни граѓани, економија која е напредна и побогата

Дополнителната Министерка за финансии на Република Македонија Гордана Димитриеска Кочоска, денеска присуствуваше на бадниковата литија во Тетово од каде повика да се почитуваат заедничките вредности,посакува да има позадоволни граѓани и економија која е напредна и побогата.

Таа во својата објава на социјалните мрежи напиша:

„Во овие празнични мигови кога се празнува рожденството Христово посакувам добро здравје, среќа и хармонија на секое едно семејство. Нашата традиција е тоа што не одржало низ вековите, вербата во Бога ни помогнала во најтешките мигови. Верувам дека Македонија има сила за промени, за правда и принципи, кои ќе донесат обнова и напредок. Да ги почитуваме заедничките вредности, и да работиме за подобар и посреќен живот.

Посакувам повесели лица е и позадовочни граѓани, економија која е напредна и побогата. Заеднички да ја изградиме и да се избориме за нашата иднина. Нека е Бог со нас.“, вели Димитриеска Кочоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e