Диме Спасов вчера бегаше од полицијата а вечерва од новинарите

Откако цела ноќ и цел ден се криеше од полицијата и јавноста, дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, вечерва конечно дојде во полициската станица во Карпош да даде исказ за синоќешните две сообраќајки кои ги предизвика со џип Волксваген Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување.

Но како што јавија некои од медиумите кои имаа свои известувачки екипи од пред полициската станица, Спасов како што пристигнал така и избегал од полициската станица, сокриен во возило со затемнети стакла за да не биде снимен од новинарите.

Како што веќе информираше МВР во своето официјално соопштение, Спасов беснеејки по скопските улици, синоќа околу 23:20 часот, најпрвин удрил во едно возило и наместо да застане како секој совесен возач, тој со голема брзина почнал да бега, но лицето кое било во автомобилот кое го удрил Спасов, пријавило во полиција и почнало да вози по џипот на заменик министерот. Во таа бркотница, Диме Спасов удрил во уште едно возило за да на крај биде сопрен од полицијата.

Но, тука не завршува приказната. Откако бил легитимиран и признал дека тој управувал со возилото, наеднаш се одалечил од полициската контрола, наводно за да телефонира и во еден момент почнал трчајки да им бега на полицајците. Тие, ги информирале своите колеги и започнале да трагаат по дополнителниот заменик министер, но потрагата не завршила со плод. Два часа по овој настан, на местото на несреќата се појавило друго лице кое се пријавило дека наводно тој управувал со возилото а не Спасов. Полицајците го запрашале дали знае дека давањето на лажна изјава подлежи на кривична одговорност, на што одговорил потврдно.

Интересно е што после цели 20 часа од настанот, провладините портали откако предходно молчеа, конечно излегоа со нивна верзија на која сите се смеат. Според нив, Спасов бил бркан од некакви албанци кои му се заканувале по живот, а во исто време не објаснуваат зошто тогаш заменик министерот кога бил застанат од полицијата самиот не пријавил туку напротив се дал во бегство но не од наводната група туку од самата полиција.

Премногу смешно за да звучи убедително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e