СДСМ и коалицијата „Можеме“ на парламентарните избори кои се одржаа вчера освоила 327 329 гласа, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“ 315 344 гласа, соопшти Државната Изборна комисија на јавна седница на која ги објави неофицијалните конечни резултати.
ДУИ освоиле 104 587 гласови, Алијанса на Албанците и Алтернатива 81 297, Левица 37 551, ДПА 13 891, Интегра 12 291, ГДУ 3555 гласови“, соопштија од ДИК.
Во Изборната единица 1 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ освоиле 8 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 7 мандати, ДУИ – 2 мандати, Алијанса за Албанците – 2 мандати и Левица – 1 мандат.
ВО ИЕ 2 СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоиле по 7 мандати, ДУИ -3, Алијанса за Албанците – 3 мандати.
Во ИЕ3 ВМРО-ДПМНЕ освоиле 10, а СДСМ 9 мандати, додека Левица 1 мандат.
Во четвртата изборна единица СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ освоиле по 10 мандати, додека во ИЕ 5 СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по 8 мандати, ДУИ – 3 мандати, Алијанса за Албанците – 1 мандат.
Во ИЕ 6 ДУИ има освоено 7 мандати, Алијанса за Албанците 6, СДСМ и Коалицијата 4, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – 2 мандати и ДПА 1 мандат
Врз основа на податоците од записниците на ОИК, вкупно гласале 942 334 граѓани од вкупно 1 814 236 запишани избирачи.
„Има 31 466 неважечки ливчиња“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.