Државната изборна комисија денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Според конечните резултати, Коалицијата „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, ДУИ 15, АА/Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат.
Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, или 35,89%, односно 46 мандати, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 315.344 гласови или 34,57%, односно 44 мандати.
Партијата ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати. Коалицијата Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8% со 12 мандати. Левица – 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати и ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати
1 КОАЛИЦИЈА МОЖЕМЕ 327,408 35.89% 46
2 ВМРО – ДПМНЕ и други 315,344 34.57% 44
3 ДУИ 104,699 11.48% 15
4 АА / A 81,620 8.95% 12
5 ЛЕВИЦА 37,426 4.1% 2
6 ДПА 13,930 1.53% 1
7 ИНТЕГРА 12,291 1.35% 0
8 ГДУ 3,555 0.39% 0
9 МОРО 3,245 0.36% 0
10 ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА 2,802 0.31% 0
11 ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА 2,604 0.29% 0
12 СДУ 2,585 0.28% 0
13 ТВОЈА 1,894 0.21% 0
14 ДЕМОКРАТИ 1,558 0.17% 0
15 НП НА РОМИТЕ 1,225 0.13% 0